На 19-ти овој месец познатиот македонски витруоз Влатко Стефановски и еден од најкреативни музички уметници на гитара Мирослав Тадиќ ќе одржат голем заеднички концерт во Куршумли Ан во Скопје со почеток од 21 часот. Овие двајца музичари често настапуваат низ европските и светски музички центри, каде со инструменталната музика, преработката на македонски и балкански песни на нивниот заеднички инструмент – гитарата, заедно ја освојуваат публиката.
Воедно, со овој концерт нашиот познат гитарист Влатко Стефановски прославува 40 години од музичката активност, работа и создавање музика воопшто. Доколку сакате неколку часа мир на душата, одлично помината вечер и музика која што ретко кој ја слуша, а помалку разбира… не е доцна да бидете дел од концертот кој е веќе во најава.
Подготви: Андреа Андреевиќ
