Во прв ред

Преслава: Вашата љубов ме прави неизмерно среќна (Фото)

Од 1-ви до 9-ти август во Бугарија во организација на познатата продуцентска куќа Пајнер продукција и медиумскиот бренд ТВ планета, се случува националната летна турнеја на ѕвездите на Пајнер наречена “Планета Лето 2014”. На оваа голема турнеја свое учесто земаат познатите музички ѕвезди од оваа продукција, ќе ги споменеме Фики, Преслава, Анелија, Галин, Кали, Константин… и многу други.

Вчера вечер тие свој концерт имаа во еден од најубавите и најголеми градови во Бугарија, Бургас на централната градска плажа. Една од учесничките на оваа летна турнеја Преслава, која е меѓудругото и најпосакуваната и најслушаната и најпознатата, по вчерашниот настап во Бургас, на својот Facebook профил напиша:

“Сеуште ме држат емоциите од вчера вечер и не можам да опишам со зборови возбудата која ја чувствувам. Ви Благодарам, Бургас! Вашата љубов постојано ме држи “Три метри над небото” и ме прави неизмерно среќна! Не ја земајте и бидете “Моето слабо место” СЕКОГАШ! Ве сакам!”, напиша познатата бугарска пејачка Прескава на својот Facebook профил.

Preslava_statusОд националната турнеја на ѕвездите од Пајнер остануваат уште два концерти и тоа претпоследниот утре 7-ми август кој ќе се одржи во Стара Загора и 9-ти август кога и ќе се случи последниот концерт во Благоевград од неколкуте успешно одржани досега.

PreslavaКога сме веќе кај Преслава, таа пред самото започнување на турнејата издаде нова песна “Моето слабо место” која што во оваа прилика Ви ја претставуваме за да ја слушнете и секако доколку Ви се допаѓа или да споделите коментар на нашиот музички портал.

PRESLAVA - MOETO SLABO MYASTO / Преслава - Моето слабо място, slideshow 2014

Од Бургас за Музика24: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: