Вечерва со почеток од 20 часот во склоп на најдолгото културно лето во Македонија “Бит Фест” ќе се одржи традиционално “Ѕвездената орбита на популарноста” која и оваа година е во оргнизација на Телевизија Орбис. Почетокот е на Широк сокак, а свој настап ќе имаат популарни имиња од македонската фолк сцена: Андријана Алексиевска, Елена Јовчевска, Елена Велевска, Џесика, Ленче Марковска, Билјана и група Орхидеја и многу други.
Во петок пак, повторно ќе имате можност да уживате во македонската музика заедно со изведувачи на забавна музика од цела Македонија. Не пропуштајте и оваа година да бидете и Вие дел од “Ѕвездената орбита на популарноста”.
За Музика24 од Битола: Јовица Пауноски
