На 7-ми септември на градскиот базен “Маркови кули” во Прилеп свој концерт ќе одржи најпознатиот фолк пејач на балканот Аца Лукас. Организаторите за Специјализираниот македонски музички портал Музика24 изјавуваат дека од 18-ти август ќе бидат пуштени карти во претпродажба по цена од 200 денари, додека на денот на одржување на концертот 7-ми септеври, истите ќе чинат 300 денари. Влезот е закажан за 19.30, додека почетокот на концертот за 21 часот.
Доколку сте фан на Аца Лукас и сакате да ги слушнете во живо познатите: “Пао сам на дно”, “Бајпас”, “Дијаболик”, “Истина је да те лажем”, “Умри у самочи”, “Нече мама дочи”… и многу други за вас добро познати, Ви предлагаме уште одсега да си го набавите вашиот билет и преостанува само да го чекате денот кога ќе се одржи концертот на мега популарниот Аца Лукас.
Подготви: Влад Петров
