Поп кралицата Мадона го прослави својот роденден со спектакуларна забава во луксузна вила во Кан, Франција. Пејачката, која наполни 56 години на 16-ти август, во неделата сподели неколку фотографии од забавата на својот Instagram профил.
Забавата била во ретро стил и гостите на Мадона носеле раскошни фустани и стилски костими од 20-те и 30-те. Самата славеничка била облечена во сјајна наметка, комбинирана со црвен кармин и лента за глава.
Подготви: Елена Ивановска
