На 22-ри август во Битола и на 23-ти во Штип, ќе се случи “X-factor finalist tour”. Што значи тоа?! Најпопуларните супер финалисти на најгледаното шоу на Балканот ќе одржат концерти за памтење. 22-ри август во Битола со почеток од 20:30 часот на Ракометното игралиште со 4 часовен настап: Алекса Перовиќ, Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ и Маид Хечимовиќ се изведувачите кои ке ве раздрмат и развеселат како никогаш до сега.
Додека пак ден потоа, 23-ти август во Штип со почеток во 21:00 часот на Градскиот базен кој оваа година е во ново поинакво светло повторно дружење со: Алекса Перовиќ, Лукијан Ивановиќ и Тамара Милановиќ ќе ги забавуваат штипјани до раните утрински часови. Како што велат нашите соработници од познатиот штипски портал 1.мк, Штип моментално ги живее најубавите денови со забавната и клубската музика која доминира во градот под Исарот!
1.мк и специјализираниот македонски музички портал Музика24 со задоволство Ве канат на 23-ти август на спектакуларен концерт со финалистите од најгледаното регионално тв музичко шоу “X Factor” Влезниците се во претпродажба до петок до 18 часот во Градскиот базен по цена од 150 денари, а на врата на денот на одржување на концертот истите ќе чинат 200 денари. Не заборавајте, Градски базен во Штип, почеток 21 часот. Се гледаме во Штип!
Подготви: Синиша Новевски
