Премиера

24 Промо: Теа – “Ми треба малку време” (Видео)

“Ми треба малку време” е новата песна во македонскиот музички етер која доби интересен и реален видео спот, нешто што често се случува во нашите животи, сакале ние или не. Младата Теа Трајковска која рака на срце со оваа балада ќе биде вистински хит оваа есен, внесе нов и сосема различен звук, емоција и страст на нашата македонска музичка забавна сцена. “Виновници” за оваа хит песна се Лазар и Магдалена Цветкоски кои досега зад себе имаат мноштво хитови и хитови. Браво, секоја чест!

Tea Trajkovska_kuceВидеото за оваа песна го реализираше познатиот режисер Огнен Шапковски, а зад камерата беше Кристијан Теодоров. Истиот е снимен на повеќе локации низ нашата Македонија во продукција на Горила Филм. Освен младата Теа, која најпрво го остава своето момче за на крајот повторно да му се врати, своја улога во видео спотот има и познатиот маникен Андреј Клинчаров, кој кратко време го гледавме како плива во водителските води.

Во продолжение, со задоволство Ви предлагаме да го погледнете видеото за новата песна на Теа “Ми треба малку време”.

Подготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: