Музика на кирилица

Погледнете: Што би направил Дарко Илиевски на само една ноќ (Видео)

Познатиот македонски поп пејач Дарко Илиевски по два месеци напорна и секојдневна работа, кон почетокот на месец септември тој ги промовираше и песната и ведео спотот во едно. Како комплетен автор на песната се потпишува Лазар Цветковски, додека задолжен за видеото како и секогаш и овој пат беше професионалниот тим на Горила филмс раководен од Владимир Ивановски Дади. Илиевски за песната и видео спотот изјавува:

“Презадоловен сум од целокупниот производ и од целиот тим со кој работев на оваа песна. Посебно морам да истакнам дека ми беше чест што светскиот продуцент Крис Гехрингер, кој живее во Њујорк и моментално е најдобриот мастеринг инжинер, чие име стои и зад музичките остварувања на многу светски ѕвезди како Џеј Зи, Кети Пери, Уан Рипаблик, Снуп Дог, Мадона и многу други, учествуваше во миксањето и мастерингот на песната. Што се однесува до спотот за песната и тоа беше сосема ново искуство за мене затоа што за прв пат правам студиски спот и многу сум позитивно изненаден од креативноста на Владимир Ивановски – Дади”, вели Дарко.

Оваа песна всушност претставува и најава за вториот албум на овој млад пејач кој според плановите би требало да биде целосно готов кон почетокот на следната година. Инаку во видео спотот се појавува и моделот Илариа Кирилов која во моментот е една од најбараните маникенки кај нас.

Во продолжение, погледнете го видеото…

Подготви: Анета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: