Музика на кирилица

Александра Михова со комплетен музички пакет за “Ништо не остана” (Видео)

Девојката чиј талент и специфичен вокал беше забележан на музичкото шоу за избор на таланти “Идол”, кавадарчанката Александра Михова, изминато лето комплетно се посвети на музичките идеи и нивната реализација. Покрај континуираните вечерни настапи по кои веќе е препознатлива, Михова за сите нејзини обожаватели и оние што допрва ќе ги освои со својот музички талент, ја објавува својата најнова балада насловена “Ништо не остана”, која ја карактеризира урбан -модерн ритам. Покрај аудио верзијата, за песната е спакуван и одличен видео запис кој ја следи приказната од нумерта, а е во режија на Илија Тодоровки и “Sky Eye Enterteiment”.

Aleksandra MihovaИнаку, зад комплетната композиција се потпишува авторот Столе Аврамов, а освен промовирањето на новата песна и спот, Александра ќе ја видиме и на големата сцена од Скопски фестивал, со нумерата “Срце чува спомени”, со што воедно ќе биде и потенционален претставик на Македонија за Евровизија во Виена следната 2015-та година.

Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете видео спотот за нејзината нова песна “Ништо не остана”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: