Во прв ред

Утре во Скопје “The Hidden Cameras” со концерт во МКЦ

Канадскиот инди-поп бенд “The Hidden Cameras”, предводен од извонредниот талент Џоел Гиб утре 1-ви октомври, ќе настапи во кино “Фросина”, МКЦ во Скопје. Култната група која ја означи пресвртницата на независната музичка сцена и субкултурата во Торонто, со концертот во Скопје ја започнува европската турнеја на која го претставува својот последен албум “Age”. Албумот е одлично прифатен од публиката и оценет од критиката како најдоброто досега од овој бенд. Секогаш енергичните и уникатни настапи се заштитен знак на “The Hidden Cameras” кои токму оваа година го објавија шестиот студиски албум и со него прв пат ќе се претстават пред македонската публика.

Локална поддршка е младиот бенд “Skyrise” од Тетово, кој на овој концерт ќе го претстават материјалот од својот деби албум “To unknown”. Имено, албумот утре ќе биде официјално објавен во дигитално издинаие, а “Skyrise” на сите посетители на концертот им подарува код за бесплатно преземање на истиот. “Skyrise” неодамна го објавија и новиот, трет сингл од овој албум, насловен “We never say goodbye”. Утрешниот концерт на “The Hidden Cameras” е воедно и првиот промотивен настан за годинашното издание на “Таксират фестивал”, кој оваа година полни 16 години. Таксират роденденот ќе го слави повеќе пати, со неколку промотивни настани и финална забава на главната фестивалска вечер, која стандардно нè очекува во декември.

The Hidden Cameras_flaerПочетокот на утрешниот концерт е закажан во 21.30 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен во 20.30 часот. Цената на влезниците, кои се достапни во строго ограничен број, е 200 денари во претпродажба и 250 денари на врата. Претпродажбата се спроведува преку мрежата на МКтикетс или во “Југотон”, “Ла Кања”, “Дамар”, “Круг” во Аеродром, Кафе-бар “Браво” и билетарата на МКЦ во Скопје.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: