Музика на кирилица

Мартин Мила се враќа на македонската музичка сцена со нов сингл (Аудио)

Мартин Мила се враќа на македонската музичката сцена со алтернативната балада “Инсомниа”. Пејачот самиот е автор на музиката и текстот, додека аранжманот го сработи заедно со Гоце Симоновски.

“Не дека порано не беше така, ама овој пат имав крајно сериозен пристап во реализација на овој сингл”, изјави Мартин кој полека го привршува материјалот за неговиот нов студиски албум. Мартин Мила, кој е во завршна фаза со снимањето на новиот албум, најави дека наскоро веројатно ќе сними и спот за новиот сингл.

Слушнете во продолжение за што станува збор…

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: