На 11-ти октомври во градот Штип ќе се одржи шестото издание на традиционалниот Green Fest. Во фоајето на Домот на културата “Ацо Шопов”, со почеток во 21 часот ќе започне овогодинешното издание, на кое ќе настапат Fabio Florido (Minus/Enter ), Saso Recyd (Sci+Tec, Relief, Rawthentic ), Nennat Omen (Plur Rec)… Ова најново издание на најдобар начин ќе ја оправда и продолжи традицијата на овој музички хепенинг.
Влезниците за фестивалот се веќе пуштени во претпродажба по цена од 80 денари, а можете да ги купите во Кафе Алиби, Кафе кафе Туш, Такси 15-93 (Штип) и во Премиум Адверт (Скопје). Истите можете да ги резервирате на контакт бројот: 078/312-563. Специјализираниот македонски музички портал како и секогаш досега, така и овој пат медиумски го поддржа овој голем музички фестивал, кој не смеете да го пропуштите.
Подготви: Синиша Новевски
