Поп пејачот Горан Наумовски, познат и како член на групaта “Ар-ен-си бенд” после настапот на овогодинешниот “Макфест”, промовира нова песна и спот. “Љубовта е патот” е насловот на новата поп-рок песна, чиј комплетен автор е Кристијан Габроски со кого Горан има повеќегодишна соработка. Промоцијата на аудио записот по македонските радиостаници е веќе во тек, а видео записот беше премиерно промовиран вчера вечер во музичко-забавната емисија “Стисни плеј” која се емитува на Македонската телевизија.
Видеото е во реализација на “Фабрика Продукција” во режија на Марјан Огненовски. Дел од спотот е снимен во Македонската опера и балет, а дел низ различни локации низ Скопје. Песната е избрана во првиот квартал на 2014-та година, според законот за поддршка на македонската продукција. Горан Наумовски е едно од имињата што ќе ги видиме на сцената на Скопскиот фестивал на 12-ти ноември каде што ќе настапи во дует со еден од најценетите сопрани, првенец и оперска дива во белградската опера, Сања Керкез, која што на македонската публика и е позната по многубројните настапи во Македонската опера и балет, а и концертот за Тоше – “Неговите арии”. Песната насловена како “Миг без тебе” е комплетно авторско дело на нашата позната пејачка и композитор, Андријана Јаневска.
“Голема чест и задоволство ми е што ќе ја делам сцената на 12-ти ноември на Скопскиот фестивал со една ваква ѕвезда од класичната музика” вели Горан. Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете видео спотот.
Подготви: Редакција Музика24
