Во прв ред

Скопје “потона” во уште една возбудлива џез приказна

Четири дена џез во Скопје, светски музички уметници, презадовола публика. Се одржа 33-то издание на Скопскиот џез фестивал, со разнолика, возбудлива, модерна програма и разни жанрови. И, дополнети со прекрасни сценски светлечки (розови, виолетови, индиго, црно- бели) нијанси . Траеше од 16-ти до 19-ти октомври во Универзална сала, дискотеката “Сити хол”, киното “Фросина” и МОБ. Броеше 14 концерти и накусо кажано-од уникатната Јун Сун На најзадоволни, а на Елиане најпосетено и највпечатливо.

Одиме по хронолошки ред на настаните. Фестивалот го отвори чудесната солистка во Универзална сала, корејката Јун Сун На, а заврши со мајсторските џезери од Австралија “The Necks”, во МОБ. Кој се беше дел од ова приказна? Корејската џез пејачка Јун Сун На заедно со шведскиот гитарист Улф Вакениус, како и “Греми” наградената американска тапанарка и композиторка Тери Лин Керингтон, саксофонистот Мачеј Обара, “Fire! orchestra” со Матс Густавсон, Ник Барч, триото Dans Dans, Метју Шип. Потоа и бразилската џез пијанистка Елиане Елиас, која зад себе има и 23 албуми и пет номиниции за “Греми”, па и “Red Snapper” ,Нед Ротенберг со Саинко Намчилак, Вадада Лио Смит со њујоршкиот саунд-дизајнер Hardedgе, и австралискиот бенд “The Necks”.

Полноќните три концерти беа во Сити Хол, а за прв пат годинава, на последниот фестивалски ден се одржа и пладневен концерт во киното “Фросина”, каде настапи вокалната импровизаторка и експериментаторка Саинко Намчилак, со пеење од грло. Директорот на фестивалот, Оливер Белопета, даде информација дека се планира пладневните концерти во иднина да станат традиција.

Подготви: Валентина Ѓоргиевска Парго

Можеби ќе ве интересира: