Музика на кирилица

Симона Попоска промовираше видео спот за песната “Не е најдобро” (Видео)

Пејачката Симона Попоска го промовираше видеото за нејзината најнова песна на македонски јазик “Не е најдобро”, која е авторско дело на Зоран Алексиќ. Спотот го реализираше “Томато продукција”, во режија на Бане Поповиќ.

Во спотот акцент е ставен на сексипилната и атрактивна пејачка, каде се забележува нејзината женска сензуалност дека и без голотија може да се биде заводлива и секси. За тоа да изгледа така се погрижија креаторката Александра Митковска – Вибрациони со нејзините уникатни креации и мејкап артистот Бобан Тодоровски .

Simona PoposkaВо продолжение, по тв промоцијата видео спотот погледнете го и на нашиот музички портал…

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: