Продукцијата Иноватива Груп Ви го најавува првиот солистички концерт на Тајзи кој ќе се одржи на 29-ти ноември, сабота, во Универзалната сала – Скопје. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба по промотивна цена од 200 денари до крај на овој месец, а од месец ноември истата ќе чини 250 денари. На врата, билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари.
На 29-ти ноември Тајзи со бенд, во живо, ќе ги испее сите негови хитови од албумот “Нешто поинакво”, а на концертот ќе има и интересни гости со кој тој соработува некое време. Билетите се во ограничен број и може да се набават во продажната мрежа на МКTickets.
Подготви: Магдалена Атанасовска
