Популарниот хрватски пејач Борис Новковиќ во емисијата “Вечер со Иван Ивановиќ”, откри која била девојката Тамара од мегапопуларната песна “Куда иди изгубљене девојке”. Гостувајќи во емисијата, Новковиќ објасни дека Тамара од песната всушност била девојка по која пател негов другар. Пејачот исто така откри дека на почетокот на кариерата му било тешко да пишува текстови и дека музиката му била приоритет.
“Се сетивме на еден пријател кој навистина беше луд по една Тамара. Сешто правеше за неа. Падна од мотор поради неа, падна на училиште и на крајот ништо не му помогна”, раскажа пејачот и наведе дека знае каде е сега Тамара и дека има три деца.
Подготви: Редакција Музика24
