Балканленд

ТЛЗП: Кеба се надмина себе си и Зорица Брунцлик, одлична имитација (Видео)

Во вчерашната емисија од тв шоуто “Твоето лице звучи познато”, познатиот фолк пејач Кеба со имитацијата на Зорица Брунцлик се надмина себе си, и премногу афтентично ја долови познатата фолк пејачка. Со одлична маска, шминка, движења, облека… Зорица Брунцлик беше дел од “Твоето лице звучи познато”. Кеба уште од самото појавување ги засмеа сите присутни, а кога почна со својот настап (имитација) неможеше да се сопрат од смеење судиите како и повеќето од учесниците.

Keba_Zorica BrunclikИнтересно во целиот настап беше што на половина од песната со својата хармоника излезе Кемиш, сопругот на Зорица, а бидејќи Кеба неможеше на момент да ги долови високите тонови на пејачката, употреби хелиум кој страшно добро ја заврши својата работа.

За да не бидете нетрпеливи и да се прашувате за што станува збор, целиот настап (имитација) на Кеба односно Зорица Брунцлик и коментарите на жирито по настапот, можете да ги погледнете со кликнување на следниот линк: Кеба – “Кошава” (Зорица Брунцлик).

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: