Балканленд

Цеца се насолзи од изненадувањето на музичката телевизија ТВ Балканика (Фото)

Непосредно пред одржувањето на големиот спектакуларен концерт на балканската кралица на фолк музиката Цеца во арената “Армеец” во Софија кој што се одржи на 7-ми ноември, познатата и најгледаната музичка телевизија на Балканот, ТВ Балканика ја изненади пејачката претставувајќи и ги нејзините први четири албуми односно грамафонски плочи. Изненадувањето успеа да го допре срцето на познатата пејачка, која насолзена разгледувајќи ги своите први албуми, призна пред камерата на Балканика дека таа повеќе нема копија од нејзиниот прв албум односно грамафонска плоча кој е издаден во 1988 година, а истиот е насловен по нејзината прва песна “Цветак за новетак”.

Всушност колекцијата која што ја виде Цеца и која што чини неколку илјадници долари, е сопственост на нејзиниот најголем фан во Бугарија Виктор. По повод нејзиниот концерт, ТВ Балканика реши Цеца да го запознае нејзиниот најголем фан кој што ги има сите албуми на оваа позната балканска пејачка. Пред тв екипата на музичката телевизија Балканика младиот Виктор изјави дека е голем фан на Цеца уште од мали нозе.

Ceca_koncert sofijaИзненадена од пријатното и неочекувано изненадување на ТВ Балканика, Цеца му се заблагодари на Виктор и со задоволство му се потпиша на сите оние плочи кој тој ги имаше со него. Таа потпишувајќи се рече:

“Јас вообичаено се потпишувам како Ражњатовиќ, иако често моите фанови знаат да ме наречат и Величковиќ, затоа половината од нив ќе ги потпишам со едното, а останатата пловина од плочите со другото презиме”, со шега објаснуваше Цеца.

Наскоро ексклузивно целото интервју на музичката телевизија ТВ Балканика со познатата фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ ќе имате моѓност да го погледнете само на Специјализираниот македонски музички портал Музика24, кој воедно со ова ја најавува соработката со оваа надалеку позната и најгледната музичка телевизија на Балканот.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: