Вчера вечер во скопскиот ресторан “Македонска куќа”, првата и единствена специјализирана македонска информативна телевизија 24 Вести го прослави својот 4-ти роденден. Сите новинари, презентери, техничкиот дел и раководството на телевизија, во опуштена адмосфера се забавуваа, играа и пееја до раните утрински часови. Огнен Јанески (Очи в очи), Оливера Трајковска (Вин Вин), Мишко Иванов (Патот до успехот), Мартина Проковиќ (Второ мислење), Сања Савеска (Работна сабота), Илија Николовски (Фактор здравје), Елена Џугуманова (Културна матрица)… како и презентерите кој секојдневно не информираат, а и техничкиот дел кој ја реализира програмата и секојдневно се грижи за вестите, се гордост на оваа телевизија, која за 4 години покажа и иако скромно докажа дека на македонскиот телевизиски етер со децении недостасуваше медиум кој секогаш навремено, точно и како што вели нивното мото: Информација сега!, ги информираше своите гледачи, секогаш реално незаземајќи страна, туку објективно и секогаш со докази и факти го презентираше најдоброто пред своите гледачи, кои од ден во ден се вбројуваат го големата армија на секојдневни редовни гледачи на оваа тв станица.
Од самиот почеток, од телевизија со мало студио и скромна тв опрема, денес телевизија 24 Вести прерасна во медиум кој може да се пофали со својот новинарски и технички кадар, како и со својата ХД опрема во кој формат и се емитува. Среќен роденден и им посакуваме уште децении, децении успешна работа!
Редакција Музика24
