Филип Јаневски или во македонската јавност познат како Фифи, по многубројните песни и видео спотови кои ги има зад себе и учеството во најгледнато и засега најголемото балканско тв шоу “X Factor Adria”, реши да замине од Македонија. Тој пред неколку дена на својот facebook профил напиша статус со кој го најави своето заминување, а истиот гласеше:
“Пред да си одам од државава, еве да го споделам статусов со кој потполно се согласувам”, напиша Фифи на својот профил, притоа споделувајќи статус на свој пријател.
По објавувањето на статусот и многубројните реакции за неговото заминување, тој Ве поздравува сите Вас од далечниот Стокхолм каде ќе се обиде да започне од нула и да почне нов живот, а со самото тоа и музичка кариера во тој дел од светот.
Подготви: Елена Ивановска


