Музика на кирилица

Ексклузивно: Нова песна и албум од Тоше ќе се промовираат на неговиот роденден

Музика24 дознава дека на 25-ти јануари, кога е всушност роденденот на нашата музичка икона Тоше Проески, ќе се промовира ново це-де – албум со 16 песни од Тоше кои ја одбележаа неговата кариера. На албумот “Best of Tose Proeski” освен веќе познатите: “Боже чувај ја од зло”, “По тебе”, “Још увјек сањам да смо заедно”, “The Hardest Thing”, “Ден за нас”, “Наслони главу”… ќе се најде и новата песна “Све је ово премало за крај” која што Тоше ја снимил во домашното студио, во 2006-та година.

Автор на музиката и на текстот на новата песна е Јелена Трифуновиќ, додека аранжманот е на Никша Братош. Оваа песна претставува само мал дел од големото музичко наслетство кое што Тоше го остави во своето студио.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: