Премиера

Промоција на Музика24: Игор Шаревски и Магда – Љубовта е посилна од се (Видео)

Во една од нашите рубрики (На кафе со…) свој удел зема и тој, познатиот македонски поп пејач Игор Шаревски, каде меѓудругото за Музика24 ексклузивно ја најави неговата нова песна, односно дует со познатата бугарска печка од Planeta Payner, Магда. Музика24 дознава дека песната “Љубовта е посилна од се” е снимена во студиото на Payner во Димитровград.

Музиката и текстот се на Игор, додека аранжманот го подготви Михајло Михајловски, гитарите ги свири Дарко Тасев, додека како пратечки вокал се појавува Андријана Јаневска.

Видеото што можете погоре да го видите, го режираше Јордан Петков кој има работено на многу музички спотови со познати музички имиња од Бугарија, меѓу кои ќе ги вброиме и Анелија, Преслава, Галена и др. Спотот е сниман на неколку локации во Софија и во студиото на познатата бугараска музичка телевизија ТВ Планета. До информации до кои дојдовме, музичкиот спот “Љубовта е посилна од се” има одлични критики во Бугарија, а досега има околу 50.000 преслушувања за само неколку дена на музичкиот интернет канал YouTube и бугарскиот музички канал VBox7.com.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: