Што да се напише за момчето кое е миленик во Македонија и се претвори во миленик на женската популација на повеќе балкански територии? Дали можеме да останеме рамнодушни кога пее Јоце? Јас морам да признаам дека почнувам да потпевнувам со него кога ќе го видам и ќе ги слушнам неговите песни. Во убава пријатна атмосфера, заедничка незаборавна ноќ, музика која ќе ја гали сечија душа, Јоце Панов и неговиот менаџерски тим ја најавуваат промоцијата која ќе се одржи на 17-ти јануари (четврток) 2013-та година во Клуб Колектив во Белград – Србија со почеток во 20 часот. Ќе се промовира вториот албум насловен “Ватрени печати”, кој звучи поинаку од она што досега го имавме слушнато.
Изборот на музичкиот репертоар е составен од 14 хитови од кои и самиот наслов на еден од хитовите го дава насловот на албумот. Албумот е во издание на Сити Рекордс, а е наменет и за пазарот во Србија, БиХ, Црна Гора и веќе е пуштен во продажба. По промоцијата на албумот, присутните ќе уживаат во забавата по повод роденденот на Јоце Панов, а на сцената ќе го придружува и Џеј Рамадановски. Блиски пријатели на Јоце, јавни личности, најголемите медиуми од Македонија и Србија ќе присуствуваат на промоцијата на албумот.
Подготви: Ивана Поповска
