Навивачката група “Македонска Фаланга” од Виена во сабота 25.04.2015 год. ја имаше своја официјална промоција на која присуствуваа околу 200 симпатизери. На оваа промоција беше промовирано раководството на фалангата како и официјалната химна кој ја напиша и испеа нашиот член Павле Кајмакоски. На промоцијата се обрати претседателот Тони кој ги поздрави сите присутни и им појасни што впрочем е “Македонската Фаланга” и со каква цел е формирана. По поздравниот говор на претседателот на сите членовите им беа доделени маици, капи и знамиња со официјалното лого на македонската фаланга од Виена.
Покрај вкусната скара и ладните пијалоци за одличната забава се погрижија естрадните уметници Благица Павловкса и Душко Георгиевски придужувани од Да-Ди Бенд (Далибор) и Тоци. Голема благодарност од раководството на “Македонската Фаланга” до сите оние кој придонесоа овој проект и да се реализира.
Подготви: Редакција Музика24
