Вчера вечер во доцните часови на домашниот паркинг од семејството Милошевиќ, непознато лице, како што се гледа на снимката (обвиткано со капа и шал) дошло до колата на нашата позната фолк пеачка Лидија попозната кај македонската публика како Саманта и ја уништило колата со солна киселина и истовремено со остар предмет (нож) и и ги дупнал две гуми. Лидија вели дека знае за кого се работи, знае дека тоа е Орце Гелевски со кого таа имала судски спор и со кого е веќе долго време во лоши односи и дека незнаејќи како и на кој начин да и се освети тој тоа го прави на овој начин.
Погледнете го видеото кое нашата редакција го доби од Лидија и кое е насловено: “Орце Гелевски фатен во криминални активности”.
Подготви: Александра Блажевска
