Во прв ред

Гостување на DJ Mac во Club Ice во Штип

Марјан Петровски многу пати и на најразлични начини е поврзуван со музиката. Некои го знаат по забележителниот настап на Радиски Фестивал за песната “Да си моја” на Боби Симоновски и Иван Јованов, некои пак, го препознаа во видео записот на Тоше Трпевски за неговата “Светлина за љубовта”, направен од Џулијани, а снимаше и реклама против пороците за проектот “Животот е мојот филм”, во кој учествуваа многу познати имиња од Македонија, глумци, водители и пејачи.

Но причината поради која решивме да го спомнеме овој млад и згоден дечко се забавите кои ги прави во Club Ice, веќе неколку недели по ред.

Тој е скопјанец и многумина го именуваат по прекарот Dj Mac. DJ станува во 2000-та година. Од тогаш има соработувано со најдобрите клубови и дискотеки низ Македонија. Еве само неколку имиња колку да Ви стане појасно за забавите каде што тој ја загревал и онака жешката атмосфера: “FM Caffe”, “Club Vanila”, “Hard Rock”, “Paradiso”, “Caffe Ciao”, “Colosseum”, “Deja Vu”, “Angels Cafe” и уште многу други.

Марјан е почестен гостин во летниот период на плажите во Охрид каде што пушта музика и шири многу позитивна енергија. Ако го забележите на “Градиште”, “Немо” и “Славија”, не сте се препознале.

Доколку сеуште не сте биле присутни на неговите забави, сабота е вистинскиот момент, дојдете во Club Ice во Штип и забавувајте се на најголемите HipHop & RnB хитови. Ве очекува, како што вели тој, вистинско превртување.

За Музика24 од Штип: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: