Балканленд

Хари Мата Хари: Новиот албум излегува наесен

Познатиот Хари Мата Хари, настапи пред неколку дена во белградскиот клуб “Казино”. Во преполнетиот клуб Хари Варешановиќ изведе дел од неговите најголеми хитови, а како што и самиот открива, секога со задоволство пее во Белград бидејќи ја сака оваа публика:

“Одамна вака нема настапено, а одеднаш се потсетив на магијата кога директно контактираш со публиката. Тоа некогаш ми беше табу тема, мислев само на големи концерти, пополека се смирив и сфатив дека клубските настапи се навистина прекрасни”, изјави Варешановиќ.

Тој на прашањето како го објаснува големиот број на девојки на своите концерти или е навистина голем љубовник, вели дека концертната публика се речиси секогаш девојки и постари жени, дека на тоа е навикнат и дека не се гледа како некој голем љубовџија. Со поздрав до фановите, Хари посака многу здравје и добри песни за новиот албум кој го најавува за наесен.

Подготви: Елена Крагуеска

Можеби ќе ве интересира: