Балканленд

Здравко Чолиќ бара пеачка за дует?!

Познатиот балкански пејач, еден од најпопуларните во последните 30 години, Здравко Чолиќ бара талентирана пејачка за дует.

“Би сакал една песна да отпеам со некоја добра пејачка чија боја на гласот добро ќе се вклопува со мојот глас. Не мора да биде европска ѕвезда, дури не мора да биде ниту позната”, изјавил легендарниот пејач кој го започна снимањето на новиот албум. Тој за српските медиуми изјавил дека имал повеќе потенцијални дуети, но ниту еден не е реализиран.

“До сега во кариерата не сум работел дуети. Би сакал да најдам млади соработници, би ми одговарале текстови кои и се допаѓаат на младата публика”, додал Чолиќ.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: