Музика на кирилица

Калиопи издава нов албум

Музичкиот портал Музика24 дознава дека нашата позната музичка дива Калиопи кон крајот на февруари, најдоцна почетокот на март, ќе издаде нов албум кој што ќе се дистрибуира во сите поранешни југословенски републики.

Албумот ќе го носи насловот на носечката песна “Мелем” која неодамна беше пуштена во радискиот етер. Како комплетен автор на новиот албум се потпишува поранешниот сопруг на Калиопи Ромео Грил, со кој што соработува од “Евровизија 2012”.

Освен добро познатите хитови “Мелем” и “Вучица”, Калиопи ветува и многу нови хитови.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: