Музика на кирилица

Сузана Спасовска: Никој нема да ме види по бикини!

Како што пишува “Вест”, нашата позната македонска фолк пеачка која што неодамна се врати од Австралија, Сузана Спасовска, поради големите жештини што ја зафатија оваа земја, па дури и до 50 степени, нашата Сузе сакала да влезе во вода и малку да се олади од жештините, но како и секаде, па така и таму секогаш се наоѓа некој што носи со себе фотоапарат.

Таа изјавила дека нема да дозволи никој да ја види по бикини, ниту пак да ја фотографира. Дали нашата Сузе Национале има толку убаво тело, што не сака да го експонира или станува нешто друго во прашање не можевме да дознаеме.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: