Во организација на Т.А. “Гуливер Милс”, познатата хрватска поп пеачка која што изминатиот период е позната по разноразните случувања на приватен план, доаѓа во Скопје.
Таа на 13-ти април ќе одржи свој концерт во арената “Борис Трајковски” со кој воедно ќе го претстави својот нов албум “Добродошао у клуб”.
Северина најавува спектакуларно шоу во четири чина, со 28 нови и стари песни, некои од нив во сосема нови аранжмани. Ќе ја следи тим од 45 луѓе, меѓу кои нејзиниот бенд, многу танчери и комплетен тим од стилисти и корегографи.
Билетите наскоро ќе бидат дистрибуирани во продажба. Кој од вас го испушти концертот кој што таа го одржа во 2010-та, ќе може сега да ја поправи својата грешка.
Подготви: Виолета Трајкоска
