Како што пишува порталот Региони.мк, од утревечер 1-ви фебруари започнува 24-то издание на фестивалот за нови патриотски и родољубиви песни “Гоце Фест”. Првата фестивалска вечер ќе се одржи во Крива Паланка на сцената во големата сала на Центарот за култура со почеток во 20 часот.
“Фестивалот ќе биде со нови родољубиви и патриотски македонски песни со фолклорна мелоритмика и богато историско минато на македонскиот народ. Опејувањето ќе биде со теми поврзани со јубилеите и одбележувањата во 2013 година -110 години од Илинденското востание, 110 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од основањето на историското ВМРО и 100 години од поделбата на Македонија во Букурешт”, велат организаторите на “Гоце Фест”. Втората фестивалска вечер ќе биде на 4-ти февруари во Радовиш, додека финалната вечер ќе се одржи на 8-ми февруари во Скопје.
Подготви: Александра Блажевска
