Македонска поп пејачка Елена Ристеска го промовираше најновиот видео спот снимен за нејзината последна песна која крена премногу прашина и стана една од најслушаните во последниот период, а станува збор за нејзината “Доживотно”. Во овој видео спот освен Ристеска, се појавуваат и Маријана Станојковска, Ана Коцева и српската водителка Катарина Шишмановиќ.
Видеото е во реализација на Томато продукција, а познатата пејачка со овој видео спот воедно го најавува и нејзиниот најнов албум насловен “Без шминка”.
Подготви: Синиша Новевски
