Тврдењата на сопругот на Лепа Брена, поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ дека бил во врска со британската принцеза Дајана додека таа била мажена за принцот Чарлс стигнаа до британскиот печат и Боба, кој има 52 години, тврдеше дека нивната врската почнала на крајот на 80-те, кога принцезата го гледала како игра на Вимблдон, по што двајцата станале “екстремно блиски”.
“Во првиот разговор таа ме праша дали сум тенисер со најбрз сервис и јас и кажав да. Потоа секогаш ме прашуваше како е сервисот, и потоа почнавме да се гледаме. Таа беше прекрасна жена. Со неа можев да зборувам за сите работи и дури малите работи беа фасцинантни. Не сакам да зборувам за детали, бидејќи таа веќе не е со нас. Можам само да кажам дека е одлично кога некој како неа ќе навива за тебе”, изјави Боба, кој прв пат се сретнал со Дајана во 1987 година на Вимблдон. Тој вели дека и неговиот најстар син Филип се сеќава на Дајана и дека не му верувал кога татко му го запознал и му кажал дека таа е принцеза.
Подготви: Редакција на Музика24
