Вечерва со почеток во 20.30 часот во познатиот скопски ресторан “Воденица”, музичкото R’n’B дуо “ДНК” ќе го промовира новиот албум насловен “Уште еден ден”. Тие пред своите фанови, соработници, пријатели, и претставници на медиумите ќе го промовираат своето ново дело, како и дел од песните кои ќе бидат изведени во живо.
Освен промоцијата на новиот албум “ДНК” ќе го промовира и видео спотот за новата песна “Стојам сам”, дел од новиот албум.
Подготви: Марија Поповска
