Хрватската пејачка Северина, реши да ја подржи кампањата “Дарујемо ружичасти живот” (Подаруваме розев живот) која во текот на месец март ќе биде презентирана во Хрватска. Кампањата е во соработка со европската коалиција за борба против рак на дојката и има за цел да ја крене свеста кај хрватите за опасноста од оваа болест.
Познатата хрватска пејачка Северина е една од многуте познати јавни личности кои се фотографираа за овој настан, и истовремено истите ги имаат постирано на своите социјални мрежи.
Подготви: Дениза Илиеска
