Премиера

24 Промо: Драгана Мирковиќ – “Од милион један” (Аудио)

Неодамна балкански познатата фолк пејачка Драгана Мирковиќ промовираше една од многуте нови песни дел од новиот албум. “Од милион један” е балада, музички жарн препознатлив за оваа пејачка, која што на интернет просторот се промовираше со почетокот на 2017-та, а истовремено оваа песна Мирковиќ ја промовираше и во новогодишната програма на сопствената сателитска телевизија ДМсат.

Инаку, Драгана Мирковиќ годината ја заврши со голем концерт во Софија, каде пред многуилјадната публика ги отпеа многубројните хитови кои се на далеку познати. Веруваме дека после речиси две децении оваа година ќе имаме можност и привилегија да ја слушнеме и во живо да ја видиме оваа пејачка кај нас во Македонија. Додека излезе официјалното видео за оваа песна, преслушајте го аудиото кое звучи како и секогаш, интересно, убаво и оргинално, препознатливо за оваа фолк пејачка.

https://www.youtube.com/watch?v=BxE7W3Yt_5o

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: