Во прв ред

Време е за концерт на “Бијело Дугме” (Видео)

Како што не информираат организаторите, познатите, препознатливите и највредните – Авалон продукција, на 8-ми април во ВИП арената “Борис Трајковски” ќе се одржи еден и единствен концерт на најголемиот музички бренд на Балканот на сите времиња “Бијело Дугме”, кои по навистина долго време доаѓаат во Скопје. Тој ќе биде еден од можеби најспектакуларните и гламурозни концерти кој овој бенд досега го одржал во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестри, тамбураши… и многу други изненадувања.

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на “Бијело Дугме”.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда, 18-ти јануари, по следниве цени и категории:

  • 1 Категорија – Партер: 700 денари
  • 2 Категорија – Фан пит (само 1000 влезници): 990 денари
  • 3 Категорија – Трибини: 900-1000 денари   и
  • 4 Категорија – ВИП влезници: 1500 денари

Не заборавајте, се одржува само еден ексклузивен концерт, бидете дел од концертот за кој долго ќе се зборува и прераскажува, 8-ми април, ВИП арената “Борис Трајковски”. Во продолжение, погледнете го видеото во кое Брега, Ален и Тифа сами го најавуваат скопскиот спектакл.

https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/videos/1527573030604052/

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: