Во прв ред

Мирослав Илиќ во Скопје со голем јубилеен концерт

По повод 45 години јубилеј – 45 години музичка кариера на 11-ти март во Скопје ќе гостува една од најголемите екс ју-фолк легенди – Мирослав Илиќ. Всушност, токму од Скопје и стартува неговата славеничка турнеја која ќе опфати повеќе градови од цела поранешна Југославија.

“Ако ви се игра – играјте; ако ви се пее – пејте; Добредојдовте и живели”, вели Мирослав во поканата за дружба со македонската публика, која во неговите најголеми хитови ќе може да ужива на концертот закажан на 11-ти март во Метрополис Арената. Станува збор за славенички концерт кој заради поводот – 45 години јубилеј, ќе биде со поразлична концепција и само со места за седење, а влезниците ќе бидат во ограничен број.

Предвидено е концертот да трае неколку часа, со оглед на тоа дека Илиќ ќе има и музичка поддршка од две мошне популарни домашни фолк имиња, а во кои ќе се потсетиме на безвременските хитови од 45-годишната кариера на, како што го нарекуваат, “Славејот од Мрчајевци”.

“Божанствено жено”, “Лажу да време лечи све”, “Волео сам девојку из града”, “Поздрави је, поздрави”, “Један дан живота”, “Зовеш ме на вино”, “Теби”, “Поломичу чаше од кристала”… и многу други препознатливи хитови ќе се само дел од темите кои ќе се најдат на репертоарот на човекот кој своите студентски денови ги поминал во Скопје, што е уште еден од поводите зошто токму од кај нас ја стартува својата голема турнеја.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: