Познатиот српски пејач Мики Јевремовиќ, кој почина минатата недела од последици од мозочен удар, вчера беше погребан во Алејата на заслужните граѓани на новите гробишта во Белград. Погребот ќе се одржи во 14.30 часот, а пред тоа се одржа комеморација во Домот на синдикатите. Инаку Алејата на заслужните граѓани е засебен дел од новите гробишта во Белград. Во алејата се погребуваат значајни личности по посебна постапка и одобрување од страна на Градското собрание и градоначалникот на Белград. До сега тука се погребани околу 680 личности од различни социјални, политички, културни, спортски и уметнички области.
Подготви: Филип Етмисовски
