Српската пејачка Милица Тодоровиќ која моментално престојува во Куба, не отиде таму само на одмор туку и да пронајде соодветно место за венчавката со своето долгогодишно момче Милош Пауновиќ. Имено, пејачката и нејзиното момче планираат свадба на есен и тоа токму во Куба. Милица пред неколку дена заедно со својата сестра Јована отпатува на Куба, за со нејзина помош да ги комплетира сите детали околу нејзината венчавка.
“Милица од секогаш сакаше да се венча на некоја егзотична плажа, далеку од гужвата. Разговараа со Милош и дојдоа на идеја да се венчаат во Куба. Милица од пред неколку дена се наоѓа во Куба каде со сестра и ги прават последните подготовки”, вели извор близок до пејачката.
Подготви: Филип Етмишовски
