Директорот на “Гранд Продукција”, Саша Поповиќ, ќе ги израдува сите љубители на неговите музички емисии со продолжение на емисијата “Гранд шампиони”. Имено, Поповиќ донел одлука од оваа есен на телевизија Гранд да продолжи со емитување на ново продолжение на емисијата која ги засмејуваше гледачите ширум Балканот. “Гранд шампиони”, емисија посветена на луѓето желни за слава и успех, но без воопшто талент за пеење.
Подготви: Филип Етмишовски
