На 20-ти јануари, ѕвездата на телевизија Планета – Преслава прослави успешни 13 години на музичката сцена, исполнети со многу труд, амбиција и упорност. Со годините нејзините песни успеа да допрат до срцата и душите на милиони фанови, а многубројните концерти низ сите страни, се доказ за нејзината огромната харизма и талент. Најголемото изненадување за пејачката по тој повод, беше специјално изработеното видео, со нејзините највпечатливи мигови од музичката кариера, подготвено од екипата на нејзината официјална страница во Facebook.
https://www.facebook.com/PreslavaTV/videos/10154872673974424/
Преслава, исто така по четврти пат заблеска во улогата на фотомодел за бугарската модна линија Cliche Reborn 2017, за чија модна куќа веќе неколку години наназад е нивно заштитно лице. Во нивната најнова колекција, ѕвездата на телевизија Планета демонстрира елеганција и стил, претставени низ фотографиите на Костадин Крстев-Коко.

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada World
Фото: Костадин Крстев – Коко
