Премиера

24 Промо: Северина – “Као” (Видео)

Како што велат некои музички критичари, најновата песна “Као” е можеби една од најдобрите и најубави балади на оваа балканска пејачка, песна од рангот на “Добродошао у клуб” и сличните на неа, со разлика што во оваа песна и видео спот има премногу емоции и љубов. Официјално, Музика24 во рубриката Промо ви ја претставува и промовира новата песна од Северина. Инаку, оваа песна е прва од нејзиниот нов студиски албум, 13-ти по ред, а судејќи по оваа песна која што се промовира може да претпоставиме какво одлично издание ги очекува сите нејзини фанови на Балканот и пошироко.

Иако можеби видео спотот го споредуваат со еден од видеоспотовите на Адел, сепак, ова претставува едноставно, но интересно и убаво видео парче кое што вреди да се види и преслуша. Истото е во режија на Дарко Дриновац.

Подготви: Влад Петров

 

Можеби ќе ве интересира: