Музика на кирилица

Даниел Кајмакоски сними дует со “Неверне бебе” (Фото)

Даниел Кајмакоски конечно ја израдува публиката со нова песна, а овој пат обожавателите имаа можност да го слушнат во дует со српската група “Неверне бебе”. Победникот на регионалното тв шоу “X Factor”, како и на препознатливото и интересно “Твоето лице звучи познато” гостува во темата насловена “Још се надам”, која премиерно ќе ја отпее во живо заедно со групата на нивната концертна промоција на новиот албум “Прича о нама”, а истата беше накратко промовирана на едно српско радио.

Познатиот пејач, кој минатата година ја освои германската музичка награда “Даф бама” за најдобар пејач од Македонија, се уште е актуелен со темата “Само за љубов”, а се надеваме дека наскоро ќе не почести и со нов, самостоен сингл.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: