Веројатно се прашувате кој е првиот музички видео спот кој што воопшто е снимен на Балканот? Верувале или не, првото музичко видео го има снимено балканската популарна пејачка Драгана Мирковиќ, која на видеото е без шминка и речиси е непрепознатлива. “Имам дечка немирног” е насловот на песната за кој што Драгана и нејзината екипа го снимале видеото. Таа за снимањето на ова музичко парче вели:
“Се ми беше многу интересно, јас таму се однесував онака како што ми кажуваа. Имав голема трема и ми беше многу непријатно, не го познавав момчето, а требаше да седиме заедно на моторот. Немав ни воопшто шминка на себеси, бев премлада, па таткоми не ми дозволуваше да се шминкам. Имав многу промени оттогаш во изгледот, но воопшто не се променив како личност”, изјавува познатата пејачка во врска со нејзиното видео, кое всушност претставува и прво на Балканот.
https://www.youtube.com/watch?v=jhQiu7ZEWTU
Подготви: Маргарита Робевска
