По седум години пауза од македонската музичка сцена, македонскиот бенд “Стринг форсис” го промовираат новиот албум “Соголи ме”, петти по ред. Овој албум, како што дознава Музика24, ќе биде концертно промовиран на 10-ти февруари петок во Младинскиот културен центар во Денсинг салата со почеток во 21 часот. Во чест на дводецениското творење на групата, на концертот покрај новиот албум присутните ќе имаат привилегија да слушнат композиции од сите претходни четири албуми на групата, како никогаш до сега и при тоа покрај сегашните членови на бендот, на сцената ќе се качат и некои поранешни членови. Картите во претпродажба можат да се купат на билетарата на МКЦ и mktickets.mk по цена од 200 денари, а на денот на настанот истите ќе бидат 300 денари.
Подготви: Христина Секуловска
