Mакедонската претставничка на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, Јана Бурческа, според ждребувањето за редоследот на учесниците во двете полуфинални вечери, што неодамна беше извршено во Киев, ќе настапи во второто евровизиско полуфинале. Редниот број под кој ќе настапи македонската претставничка сеуште не е познат.
Во првото полуфинале од земјите од соседството ќе настапат Црна Гора, Албанија, Грција и Словенија. Во второто полуфинале, заедно со Македонија ќе настапат претставниците на Србија, Бугарија и Хрватска. Според неименувани извори Јана на Евровизија ќе пее песна од странски композитор. Повеќе детали за нашето евровизиско претставување, МРТ ќе објави наскоро.
Подготви: Филип Етмишовски
