Во пресрет на големиот заеднички концерт на мега популарните хрватски пејачки имиња Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони, двете музички легенди, ви ја претставуваме видео пораката наменета за сите фанови и сите оние кои со нетрпение го очекуваат 4-ти март, денот кога и ќе се случи ова големо музичко здание.
“Ова е мојот пријател Оливер тој ќе ги поздрави женските, а мене ми остануваат машките… Значи, драги Македонки, драги Македонци додјете на концерт во Арена на 4-ти март… Така е, бидете дел од нашата фамилија концертот ќе биде одличен. 50 години кариера на Оливер и 30 моја, па кога сето ќе се стави во четири часа тoa ќе биде чудо. Заедно ќе ни биде убаво и ќе пееме заедно”, велат Оливер и Џибони.
Заедничкиот концерт на Оливер и Џибони на кој на македонската публика ќе и го претстават проектот “Фамилија” е закажан за 4-ти март во ВИП арената “Борис Трајковски”, а истиот е во организација на Гуливер милс. “Фамилија” е проект инспириран од нивни животни приказни и случки, а на концертот освен новите теми Оливер и Џибони, прв и засега единствен пат во ваков состав во Скопје, ќе ги отпеат и своите најголеми хитови. Билетите за концертот се во ограничен број, а истите се продаваат по цена од 900 денари за седење на трибини, 1.000 на мобилни трибини и партер и 1.500 денари се ВИП влезниците.
Подготви: Александра Блажевска
